21 март, 2016

Меган Трејнор во сосема ново издание во видео записот за „No“

22-годишната русокоса, која го освои светот со мегахитот „All About That Bass“, Меган Трејнор го најавува новиот албум „Thank You“ со темата насловена едноставно „No“. Но, пејачката својата препознатлива руса коса неодамна ја замени со малку посмела, црвена нијанса, а во штотуку објавениот видео запис за новиот сингл можеме да ја видиме и во нешто попровокативно издание.

Овој нов сингл, во кој Трејнор пее за женската независност, својот поход на топ-листите го започна на 4 март, а досега успеал да се искачи на 11. место на Билбордовата листа и на 48. место во Велика Британија. Интересниот видео запис сигурно ќе придонесе за поголема промоција за песната, така што сигурно допрва ја очекува уште подобар пласман.

Второто студиско издание „Thank You“, чиј извршен продуцент е Рики Рид (Си-Ло Грин, Џејсон Деруло, Џеси Џеј, Питбул…), се очекува да излезе на 13 мај годинава.

мт



Врати се горе ↑