15 октомври, 2015

Меган Трејнор сними песна за новиот филм за Снупи и Чарли Браун

Иако одлучи да направи пауза по операцијата на гласните жици, Меган Трејнор сепак не мирува. На топ листите во претходните недели беше присутна со песната „Marvin Gaye“, дует со Чарли Пут, а пред тоа ја сними и соработката со Џон Леџенд, песната „Like I’m Gonna Lose You“.

Пејачката деновиве го објави својот нов сингл насловен „Better When I’m Dancin“, кој е снимен за потребите на новиот анимиран филм за омилените детски ликови Снупи и Чарли Браун, чија премиера е закажана за почетокот на ноември. Видео записот за „Better When I’m Dancin“ Ве очекува горе, а трејлерот за анимираниот филм погледнете го во продолжение.

 



Врати се горе ↑