Свет mt

30 октомври, 2014

Меган Трејнор рекордерка на Билбордовата топ листа

Меган Трејнор е на добар пат да стане музичарка која најдолго се задржала на првото место на Билбордовата Хот 100 листа за 2014 година. Младата пејачка со нејзиниот деби сингл „All About That Bass“, веќе осум недели со ред е на врвот на оваа листа, што е повеќе од која било друга изведувачка годинава. Доколку успее да се задржи уште една недела, рекордот ќе го изедначи со Кеша и Карли Реј Џепсен, чии хитови „Tick Tock“ и „Call Me Maybe“ своевремено доминираа на врвот девет недели со ред. А доколку остане 10 недели со ред, ќе го изедначи рекордот со Фарел и неговиот хит „Happy“.

За да стане апсолутна рекордерка на оваа листа, Меган би морала да се задржи на врвот 16 недели со ред, со што би го достигнала рекордот на Мараја Кери и „Бојз ту мен“ кои во 1995 година владееја со првото место благодарение на баладата „One Sweet Day“.

 

 



Врати се горе ↑