Аудио mt

21 октомври, 2014

Меган Трејнор: „Од сега сум раперка!“

Меган Трејнор ги сподели своите размислувања за огромниот успех на својот прв сингл „All About That Bass“, кој вчера постави уште еден рекорд на британската сингл листа, со тоа што стана првиот изведувач за оваа година кој се задржал на првото место три недели со ред.

Имено, кога еден новинар од агенцијата „Асошиејтед прес“ ја прашал како се чувствува кога ги слуша и чита бескрајните анализи на својата песна, младата музичарка одговорила: „Да, тоа е малку чудно. Необично е кога луѓето го анализираат секој збор во текстот, додека на светот постојат толку многу нешта за кои може да се разговара. Сè што направив е тоа што напишав песна од три минути која порачува дека треба да се сакаш себеси, да се забавуваш и да танцуваш… И се надевам дека тоа е тоа што луѓето го гледаат во неа.“ 20-годишната русокоса потоа додала: „Како авторка на песни, мојата главна цел е тоа да биде заразно, односно да направам песна која едноставно ќе морате да си ја потпевнувате до крајот на животот.“

 

По неодамна објавениот нов (и исто толку заразен) сингл „Lips Are Movin’“, за своите идни материјали младата ѕвезда вели: „Има малку карипски звук и многу рапување. Бидејќи од сега сум раперка, а тоа е супер! Забавно е и луѓето конечно велат дека тоа добро го правам. Се снимив додека рапував на шега, но потоа брат ми ми рече дека имам ритам и одлично ми оди!“

 

Во продолжение слушнете ги и останатите песни од нејзиното прво LP издание „Title“.

 



Врати се горе ↑