Аудио

16 мај, 2018

Меган Трејнор објави уште две песни од новиот албум

Откако го претстави воведниот сингл „No Excuses“ од претстојното, трето по ред студиско издание, Меган Трејнор деновиве објави уште две нови песни што ќе се најдат на наследникот на „Thank You“ од 2016 година. Станува збор за темите насловени „Let You Be Right“ и „Can’t Dance“, а првата од нив наскоро ќе добие и своја визуализација.

 

Што се однесува на новиот албум, сè уште не се познати многу детали, освен дека ќе стигне кон крајот на летово. 24-годишната ѕвезда откри и дека во снимањето учествувало целото нејзино семејство, како и нејзиниот вереник, актерот Дерил Сабара. „Целото семејство пее во секоја песна и Дерил пее во секоја песна, а во една од нив татко ми свири на пијано и на органа“, изјавила таа.



Врати се горе ↑