Видео

16 февруари, 2019

Меган Трејнор ни ја покажа свадбата во новото видео за „Marry Me“

Иако подолго време работи на својот трет студиски албум, американската пејачка Меган Трејнор одлучи во меѓувреме да сними шест сосема нови песни и сите нив да ги смести на ЕП изданието насловено „The Love Train“.

Како што кажува и самиот наслов, станува збор за колекција со љубовни песни, очигледно инспирирани од нејзиниот сопруг – американскиот актер Дерил Сабара, со кого стапи во брак во декември минатата година, на денот на нејзиниот 25. роденден.

Двојната прослава сега е овековечена и во симпатично видео за темата „Marry Me“, кое е сочинето токму од снимки од свадбата, а каква забава имале дознајте во продолжение.

 

Свои екранизации добија и останатите пет песни од „The Love Train“, па како изгледаат и звучат: „All The Ways“, „Good Morning“, „After You“, „Foolish“ и „I’m Down“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑