Свет mt

20 јануари, 2015

Меган Трејнор најави два дуета

Рекордерката Меган Трејнор, која минатата година дебитираше со мега-хитот „All About That Bass“, најави два дуета со колегите Чарли Пут и Хари Стајлс од сензацијата „Уан дајрекшн“. До соработка со Стајлс дошло кога некој од нејзините пријатели ѝ кажал дека Хари е нејзин фан и дека би сакал заедно да напишат песна. Интересно е тоа што Меган признала дека била скептична во врска со неговиот талент како автор, па дошла со веќе подготвен рефрен и неколку стихови, но тогаш  Британецот ја изненадил со зрелите строфи кои ги смислил.

Сè уште не е познато кога ќе биде објавен овој дует, но сигурно е дека соработката со Пут ќе пристигне во февруари. Заедничката тема со овој колега ќе го носи насловот „Мarvin Gaye“, а видео најавата можете да ја погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑