Видео

1 септември, 2018

Меди Зиглер повторно главна ѕвезда во новото видео на Сиа, Дипло и Лебринт

Најновиот сингл на триото „Ел-Ес-Ди“, или Лебринт, Сиа и Дипло, деновиве доби и свое официјално видео, а главна ѕвезда и овој пат е талентираната танчерка и визуелно алтер-его на Сиа – младата Меди Зиглер. Музичарите го започнаа овој интересен проект во мај годинава, но првите два сингла не го привлекоа очекуваното внимание на публиката, па се чини дека со „Thunderclouds“ конечно имаат вистински погодок.

Зиглер повторно воодушевува и со импресивниот танц одлично го дополнува овој потенцијален хит на ѕвездената тројка, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑