12 декември, 2016

„Ме боли“ е новиот хит на диџеј Тодороф, Мики Ла Фрик и Игор Узунов

После одличната соработка насловена „Lost Without You“, диџејот и продуцент Тодороф и некогашната М2 ѕвезда Игор Узунов повторно ги здружија силите, овој пат за песна на македонски јазик. Со музика од Тодороф и текст од Узунов, во новиот проект со наслов „Ме боли“ им се придружи и  Мики Ла Фрик, кој го направи аранжманот, а за визуализацијата се погрижи продукцијата „Спектар КМ“.

„Драги наши, Ви го претставувам видео записот за нашиот нов сингл ’Ме боли’. Се надевам дека ќе побуди низа емоции и позитивни чувства. Слушајте македонска музика и ’Најдобрата работа кај музиката е тоа што кога ќе те удри, не чувствуваш болка’“, вели Тодороф претставувајќи го овој нов хит, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

15391154_10154021468717823_1266553047157332372_n



Врати се горе ↑