Настани Matica

5 мај, 2015

„Матица Македонска“ со македонски автори на Саемот на книга

На Саемот на книга 2015, којшто започна денеска и ќе трае сè до 11 мај, „Матица Македонска“ организира разновидни дружења со македонски автори, кои јавноста ги знае преку убавиот пишан збор. Читателите ќе може да се дружат, како и да добијат потпишана книга од нивните омилени македонски автори. Во текот на целата саемска недела, проследена со богата програма на штандот на „Матица Македонска“, сите посетители ќе уживаат, дружат и купат книгите преполни со страници кои оставаат без здив.

Распоредот на потпишување и дружење со македонските автори започна денеска, 5 мај, вторник, од 17 часот со Милош Димковски за неговата книга „Парада на Марионетките“, а продолжи со Илина Ведран од 18 часот промовирајќи ја нејзината книга „Јас сум љубов“.

Во среда, на 6 мај, во 17 часот читателите ќе можат да се дружат со Зорица Петковска и нејзината нова книга „Зборигами“. Во 18 часот пак, потпишување на својата нова книга има и Верче Карафилоска за  „Бездомникот со златен часовник.

Маја Пехчевска ќе се дружи со читателите во четврток, во 17 часот, промовирајќи ја својата книга, „Семејни бизниси“. Јован Илиески ќе ја потпишува новата книга „Кругот на животот“ во четврток во 18 часот.

Според распоредот, во петок, на 8 мај, од 12 до 13 часот и од 17 до 19 часот, Благоја Јанаков ќе ја потпишува својата книга „Среќа”. Во сабота, на 9 мај, од 12 часот на штандот на „Матица Македонска“, дружење со читателите и потпишување на книги ќе имаат Милош Димковски, Јован Илиески, Верче Карафилоска, Зорица Петкоска и Маја Пехчева. Илина Ведран пак, е рзервирана за своите читатели истиот ден, од 18 часот.

Богатата понуда на „Матица Македонска“ за актуелниот Саем на книга и ова дружење со читателите и посетителите, се доказ дека македонските автори и нивните книги се повеќе од посакувани и читани.



Врати се горе ↑