Македонија

5 ноември, 2018

Матеј Џајковски создава музика за светски ѕвезди

Матеј Џајковски, кој започна како млад скопски диџеј што музиката ја носи во себе како наследство од татко му Кирил, доајенот на балканската електронска музика, се движи по сопствена патека, создавајќи музика за светски познати изведувачи, преку продукциската компанија ОБОЈ (OBOY). Претходно тој ја потпиша познатата песна на Тони Зен, Прљаво на Балкан, која пет недели беше на врвот на топ-листата на Ем-ти-ви Адрија во 2016 година, а ја продуцираше и навивачката песна за македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство во 2016 г., заедно со Даниел Кајмакоски.

Gepostet von Matej Dzajkovski am Samstag, 3. November 2018

Матеј во „Јуниврзал мјузик паблишинг груп“

Музиката на Матеј ја бараат и светски познати изведувачи. Соработувал со американските ѕвезди Џон Леџенд, Брајан Кенеди и Анжелик Синелу за песната „Start a Fire, чија верзија беше дел од филмскиот хит „Ла-ла ленд“ од 2016 година. Саундтракот од филмот се искачи на второто место на американската и на врвот на британската топ-листа. И песната Mouth Wide Open на Ејс Харпер, сопруга на тапанарот на „Ганс енд роузис“, Мет Сорум, е негово дело. Заедно со продуцентот Брајан Кенеди, освојувач на награди „греми“, ја продуцираше музиката за хитот Out на Кристина Базан, пејачка, манекенка и блогерка, што ѝ обезбеди место на листата „Арт енд стајл“ на „Форбс 30“.

За досегашните искуства и идни планови на Матеј дознајте од разговорот со Нова Македонија.



Врати се горе ↑