26 јануари, 2017

„Мат уејв“ го екранизираше „Декември“

Младиот скопјанец Матеа Пехчевски, кој се крие зад псевдонимот „Мат уејв“ (Mat Wave), го екранизираше својот деби сингл „December“ (Декември), а за неговата провокативна визуализација се погрижи екипата на „Мелем продукција“. Спотот е во режија на Огнен Шапковски, а во продукција на Александар Пауновски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, додека како едитори се потпишуваат Огнен Шапковски и Филип Пауновски. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај оваа, Мат подготвува две нови теми кои заедно со деби синглот го највуваат неговиот прв албум насловен „New Wave“, според новиот рап правец, стил кој во моментов е многу популарен во САД, а полека го освојува и остатокот од светот.



Врати се горе ↑