Балкан uvodna

4 ноември, 2012

Масимо Савиќ на 7 ноември во Универзална

Масимо Савиќ – маркантен лик од музичката сцена на нашиве балкански простори во последниве 30-тина години, во склоп на неговата балканска турнеја која започна во месец март, во среда, на 7 ноември, ќе одржи концерт во Скопје во Универзална сала со почеток во 21 ч.

На оваа турнеја Масимо го промовира својот најнов студиски албум „Додирни ме случајно“, кој излезе кон крајот на мината 2011 година. Инаку, ова е 14-ти по ред албум во соло-кариерата на Масимо, не земајќи ги предвид двата албума на неговата група Доријан Греј, кои во раните 80-ти навистина рокаа и беа едни од пионерите на југословенскиот њу вејв.

Со своите 16 албуми и голем број хитови произлезени од нив, многу концерти и настапи, Масимо на својата публика постојано ѝ дава музика полна со непречени емоции, стихови обвиткани во љубовна меланхолија, беспрекорен настап на музичарите во неговиот бенд – сите не помалку професионалци од него, и сето тоа предводено од Масимовото најмоќно оружје – неговиот глас, кој отсекогаш заслужено важел за еден од најдобрите машки вокали на овие простори.

Инаку, Масимо пред скопската публика ќе настапува со својот бенд составен од Далибор Пипо Матошевиќ – гитара, Марко Матошевиќ – тапани, Александар Саша Исмаиловски – клавијатури, Борис Попов – перкашн, Горан Делаќ – бас гитара и Марко Фирст – виолина и акустична гитара.

Погледнете го видео записот за насловната нумера од неговиот најнов албум.

 



Врати се горе ↑