Балкан massimo_sarajevo

18 октомври, 2012

Масимо Савиќ е подготвен за концертот во Скопје

Голем концерт на балканскиот пејач Масимо Савиќ најави Авалон продукција во Универзална сала на 7 ноември. Концертот ќе започне во 21часот,  влезниците за концертот се веќе во продажба по цена од 500 и 600 денари, истите ќе можат да се набават во Југотон-ГТЦ,Универзална сала и цвеќарата РОЗЕ-Веро2.

Масимо Савиќ во Македонија пристигнува во склоп на неговата Балканска турнеја,на која го промовира својот нов албум”Додирни ме случајно”,но секако голем дел од репертоарот  е посветен и на огромниот број хитови од неговите предходни албуми.

Во својата долгогодишна кариера,прво со својот бенд ”Dorian Gray”, а потоа со соло кариера, Савиќ има издадено 8 студиски албуми и неколку компилации со најдобри хитови.Соработувал со врвните музичари и композитори од Балканските простори, Арсен Дедиќ, Зоран Предин, Зринко Тутиќ, Зденко Руњиќ, Никша Братош и многу други.

Во Скопје, Савиќ пристигнува со својот  бенд  од 6 членови кој го сочинуваат: Далибор Пипо Матошевиќ-гитара, Марко Матошевиќ-тапани ,Александар Саша Исмаиловски-клавијатури, Борис Попов-перкашн, Горан Делаќ-бас и Марко Фирст-виолина и акустична гитара.

 



Врати се горе ↑