Балкан

11 јануари, 2019

МАС 2019: Вториот круг на гласање започнува на 15 јануари

Пред самиот крај на минатата година започна гласањето за првото доделување на регионалните музички награди МАС (Music Awards Ceremony), а меѓу номинираните во 13-те категории се најдоа 30 македонски имиња, како што се ДНК, Каролина, Лозано, „Некст тајм“ и многу други. Но, тој број може драстично да се намали откако ќе започне вториот круг на гласање.

Имено, како што соопштија на официјална веб-страна на манифестацијата, организаторот „Скајмјузик“ воведе новитет во процесот на гласање, па освен бесплатно онлајн, ќе може да се гласа и преку СМС, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. 

Првиот круг на гласање завршува на 14 јануари (понеделник), а во секоја категорија ќе останат по шест највисоко рангирани, односно оние номинации кои добиле најмногу гласови од публиката. Вториот круг започнува на 15 јануари (вторник) и секој гласач добива право на нови 20 бесплатни онлајн-гласови по категорија. 

Наскоро се очекува да бидат соопштени и телефонските броеви за гласање со СМС, кои ќе бидат достапни за гласачите од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија.

 



Врати се горе ↑