Свет

22 септември, 2018

„Марун 5“ ќе настапат на полувремето на „Супер боул 2019“

Популарната американска група „Марун 5“ ќе биде главна ѕвезда на полувремето на најгледаниот спортски натпревар во САД – „Супер боул 2019“. Екипата предводена од Адам Левин повеќепати изразила желба да настапи на овој настан што го следат милиони гледачи, не само во САД туку и во целиот свет. Сè уште не е потврдено, но се шпекулира дека момците ќе имаат и специјални гости, меѓу кои и колешката Карди Би, која гостува во нивниот актуелен хит-сингл „Girls Like You“.

 

Во изминативе години, на полувремето на „Супер боул“ вистински спектакли приредија Џастин Тимберлејк, Бруно Марс, Лејди Гага, Бијонсе и многу други, а какво шоу ќе приредат „Марун 5“ ќе дознаеме в година. „Супер боул 2019“ ќе се одржи на 3 февруари во стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, Џорџија.

 



Врати се горе ↑