Аудио m5-nm-s

10 март, 2015

„Марун 5“ и Ники Минаж ги здружија силите за ремиксот на „Sugar“

Актуелниот сингл на „Марун 5“, темата „Sugar“ доби уште една, послатка верзија, во која гостува колешката Ники Минаж. Познатата хип-хоп ѕвезда учествуваше во новата продукција на синглот, која е малку побрза од оригиналната, а ја искористи пригодата да напише и неколку стихови во својот препознатлив стил.

Синглот „Sugar“ се најде на минатогодишното, петто по ред, студиско издание на групата, насловено симболично „V“, а стана вистински вирален хит благодарение на емотивниот видео запис, во кој момците изненадија неколку брачни двојки на денот на нивната венчавка. Како звучи освежената верзија на овој хит можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑