Видео мартинијан

10 октомври, 2017

Мартинијан се врати во „Ѕвездите на Гранд“

По пауза од две години, Мартинијан Кириловски повторно се врати на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, а публиката го пречека со бурен аплауз. Со неколку мали забелешки, претежно пофални зборови имаа и членовите на жирито, па талентираниот кумановец продолжува во вториот круг од натпреварот.

Ова е само уште еден во низата успеси на Мартинијан, кој го освои и високото 2. место на неодамнешниот „Макфест 2017, каде што се претстави со темата „Дождови“. Неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ можете да ги погледнете во продолжение, а веднаш потоа уживајте и со второнаградената макфестовска балада!

*Настапот на Мартинијан започнува на 02:35:04 минута од видеото:

 



Врати се горе ↑