Македонија Martinijan Kirilovski (3)

25 август, 2015

Мартинијан има добитна комбинација за „Охрид фест 2015“

Пејачот кој пред само две недели промовираше своја нова песна и видео запис во родното Куманово, Мартинијан Кириловски веќе е пред нов предизвик, а тоа е настапот на реномираниот фестивал „Охрид фест 2015“, на кој оваа година се најавуваат големи музички имиња.

Ексклузивецот на продукцијата „Гранд“, Мартинијан пред само две недели во кумановското кафуле „Нама“ пред пријателите и претставниците на медиумите промовираше нова песна и видеозапис со наслов „Јас знам“, но веќе вечерва публиката ќе може да го види во поп вечерта на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури 2015“. Тој ќе настапи во поп вечерта (вторник, 25 август) и во интернационалната вечер (среда, 26 август).

Идејата за песната е на неговата професорка по музичко образование од основно, воедно и автор на песната, Магдалена Божиновска Стојанова, а песната долго време чекала „во фиока“ за да биде изведена на некои од македонските фестивали. Мартинијан кога ја слушнал почувствувал дека песната одлично ќе му легне ако се преработи како силна балада, на крајот конечниот резултат е моќна балада благодарение на Владимир Дојчиновски кои стои зад аранжманот на песната.

„Голем предизвик е да се настапува, но сепак сме отидени таму пред сè за да се дружиме во ритамот на музиката, а потоа и сè останато. Се надевам на убаво дружење со прекрасни композиции кои ќе заслужат место на македонското музичко небо, а меѓу кои и мојата нова песна, која ќе биде премиерно изведена на Охридски фестивал“, вели Мартинијан.

Како специјални гости на фестивалот, организаторот ги најави Трајче Ѓоргиев, Јордан Митев, Неда Украден и групата „Нови фосили“.



Врати се горе ↑