Видео

7 јуни, 2019

Мартин Стефановски ја сними својата прва преработка

Младиот Мартин Стефановски од Битола својата љубов кон музиката ја покажа уште од рана возраст, а неговиот талент дојде до израз и на учествата на меѓународниот фестивал „Тра-ла-ла“, каде што го освои третото место, и во шоуто „Некои нови деца“ (Неки нови клинци).

Со поддршка од продукцијата „Мјау-дакшн“ (MeowDuction Production), Мартин сега ја сними и својата прва преработка на хитот „Ако те питају“ од хрватската ѕвезда Петар Грашо. Стефановски одлично ја долови емоцијата на оваа балада додека на пијано го придружува Бојан Димитровски, па се надеваме дека ова е само почеток за талентираниот битолчанец кој уште еднаш го потврдува фактот дека градот на конзулите е еден од најмузикалните градови во земјава и пошироко.

Изведбата на „Ако те питају“ е дополнета со едноставна визуализација, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑