Промоции mm

19 јуни, 2015

Мартин Мила вечерва го промовира третиот албум

По една деценија присуство на македонската музичка сцена, Мартин Србиноски – Мила денеска во вино барот „Штала“ во Скопје ќе го промовира својот трет албум „Премин“.

„Веќе напoлнив 30 години и на некој начин од дечко веќе преминувам во возрасен маж. Токму поради тоа и новиот албум се вика ’Премин’. На него има 11 композиции, меѓу кои ќе има неколку нови песни, но и стари познати хитови. Албумот ќе биде промовиран на еден несекојдневен и интересен начин, во стилот на промоциите кои ги прават светски познатите бендови“, вели Мартин, кој воедно е и автор на речиси сите свои песни.

Промоцијата ќе започне во 21.30 часот.



Врати се горе ↑