Аудио STARA za media

20 октомври, 2013

Мартин Мила го претстави новиот сингл „Стара“

Иако деновиве Мартин Мила е актуелен со песната „Бум бум илустрација“, кој е музички проект со мултимедијалниот артист Александар Спасоски, сепак се одлучи да го пушти во етер и својот најнов сингл. Темата насловена  „Стара“ е песна која дефинитвно нè враќа во корените на македонската изворна музика, а сепак, паралелно звучи прекрасно во спој со музиката и инструментите од XXI век.

„Мислам дека ’Стара’ e најсериозната композиција што до сега ја имам напишано. Повторно во комбинација со старите македонски изворни инструменти, успеав да ги ставам и дисторзиите кои во овој аранжман даваат многу оригинален и препознатлив стил. Ова е и патот по која би сакал да се движи мојата креативност. Таква беше ’Рам там там’… мислам дека ’Стара може мајка да ѝ биде на таа песна. Хахаха…” – вели Мартин.

„Стара“ е третото кант-авторско дело на Мартин Мила од третиот албум Viva La Македонија“а како звучи овој интересен спој на традиционалното и модерното можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑