Настани b79f0052-0111-46b5-89f3-041388ed19ee

12 март, 2015

Мартин Гарикс, „Тејл оф ас“ и Диксон ја засилуваат најмоќната Егзит Денс Арена

Глобалната диџеј суперѕвезда и авторот на гигантскиот денс хит „Animals“ Мартин Гарикс (Martin Garrix) го потврди премиерниот настап во сабота на 11 јули на спектакуларната „Егзит Денс Арена“ (Exit Dance Arenа).  Спотот за неговиот хит на „Јутјуб“ го погледнаа повеќе од половина милијарда луѓе, а овој мулти-платинест сингл ги освои најзначајните европски и светски топ листи. 18-годишното момче од предградието на Амстердам, магазинот „Форбс“ го нарече најголемата млада ѕвезда во подем, имајќи предвид дека публиката го изгласа на 4. место на светската диџеј листа, пред имиња како што се Дејвид Гета, Авичи, Скрилекс и Калвин Харис! Гарикс е водечка ѕвезда и на други најзначајни светски фестивали како што се „Тумороуленд“ или „Коачела“, а оваа година ќе има чест со настап на главната бина да го затвори и унгарскиот „Сигет“ фестивал. Следната ноќ, на 12 јули, на Денс Арената ќе настапат и двете првопласирани имиња од актуелната листа на „Резидент Адвајзор“, берлинскиот лидер на новиот електронски звук, диџејот и продуцент Диксон (Dixon) и електронското дуо „Тејл оф ас“ (Tale of Us)! Ним, на светски славната, електронска сцена на „Егзит“ фестивалот, ќе им се придружи и англискиот тандем „Симиан Мобајл Диско“ (Simian Mobile Disco), австриското дуо „Клангкарусел“ (Klangkarussell), истакнатите продуценти Роман Флугел (Roman Flugel) и Марк Киншен (Marc Kinchen), како и ѕвездите во пораст „вАФФ“ (wAFF) и Франческа Ломбардо (Francesca Lombardo).

 

Колосалниот дворог рововски простор со назабена галерија покрај која зазоруваат најдолгите утра на Петроварадинската тврдина, одамна е познат како една од најголемите светски сцени на електронската музика, а оваа година нејзината програма содржи три клучни фактори: актуелностиновација иафирмираност. Егзит Денс Арената е местото на кое оваа година настапуваат и водечките диџеи според  „Топ 100“ листата на „Диџеј Маг“ (DJ Mag), Хардвел (Hardwell) и на 12 јули неговиот пандан од листата на „Резидент адвајзор“, Диксон (Dixon), сопственик на највлијателната европска етикета „Инервижнс“ (Innervisions). Ако на истиот датум од истата анкета се додаде и второпласираното дуо „Тејл оф ас“ (Tale of Us), авторите на можеби најважната техно нумера во последните десет години „Another Earth“, тогаш овогодишното издание на Денс Арената претендира да биде историско. А токму таква димензија ќе му даде и полниот концертен настап на еден од најголемите електронски состави на сите времиња, „Феитлес“ ( Faithless), кои на 12 јули на Арената ќе прослават 20 години работа. Ист јубилеј на 9 јули ќе одбележат и двата техно великани, денешни лидери на овој жанр, Крис Либинг (Chris Liebing) и Адам Бејер (Adam Beyer)!

Пред 20 години низ светските клубови одекна и нумерата „Push The Feeling On“ која за групата „Најткролерс“ (Nightcrawlers) ја продуцираше Марк Киншен (Marc Kinchen) или „Ем Кеј“ (MK) како што скратено го нарекуваат во Детроит каде што твори и работи со Кевин Сондерсон. Иконата на американската хаус сцена доаѓа на Арената со импресивна листа на ремикси за имиња како што се Лана Дел Реј, Фарел, Сиа и Дјук Думонт.

 

Тандемите секогаш биле неизоставен дел од електронската музика, а оваа година, еуфоријата на Арената заедно ќе ја направат детроитските легенди и пионерите на техно музиката, легендарните браќа Бурден, повеќе познати како „Октав уан“ (Octave One). По нивните чекори успешно газат помладите колеги „Клангкарусел“ (Klangkarussell) од Моцартовиот град Салзбург, кои имаат посебна врска со Србија, каде што над белградските облакодери снимаа спот за нивниот мегахит „Netzwerk (Falls Like Rain). Тие се актуелни сопственици на „ЕББА“ наградата на Европската комисија заедно со осанатите добитници како Џон Њуман, Милки Ченс или Хозиер. За да го спои неспојливото, тука е популарниот полско-берлински двоец „Кетз ’н Догз“ (Catz ’n Dogz), а еден тандем специјално за Егзит Денс Арената ќе стане трио, кога на славните „Симиан Мобајл Диско“ (Simian Mobile Disco) ќе им се придружи искусниот германски „камелеон“ Роман Флугел во „бек ту бек“ сет. За оваа година да има дополнителни ексклузивни комбинации, ќе се погрижи италијанскиот техно гладијатор Џозеф Каприати (Joseph Capriati) кој ќе биде засилувањето на сетот на Адам Бејер (Adama Beyera), а свои премиерни настапи ќе имаат и две посебни диџеј дами Никол Мудабер (Nicole Moudaber) и Франческа Ломбардо (Francesca Lombardo), како и новиот омилен хаус резидент на Ибица, „вАФФ“ (wAFF).

Актуелност и иновација дополнително ќе внесат и ѕвездите во подем, пред сè идниот хедлајнер на најголемите сцени Оливер Хелденс (Oliver Heldens) чии хитови „Gecko (Overdrive)“ и „Koala (Last All Night)“ го освоија 1. односно 5. место на минатогодишната британска листа на синглови! Кога првото место на оваа листа го освои „Animals“ од Мартин Гарикс, токму ремиксот на Хелденс беше најзабележаниот. Ако може да му се верува на непогрешливиот талент кој доаѓа од холандскиот град Бреда, не поголем од Нови Сад, од кој доаѓа Хардвел (Hardwell), тогаш не чуди што веднаш се крена прашината и околу прогресивниот хаус продуцент чиј псевдоним е „Кил д баз“ (Kill The Buzz). Иновативниот звук со години доаѓа од престижната германска етикета „Компакт“, која на Арената ќе ја претстави данскиот диџеј и продуцент Келш (Kölsch), чија нумера „All That Matters“ спаѓа во редот на најемотивните од претходните неколку години.

 

Влезниците за „Егзит“ фестивал се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ фестивал 2.240 денари. Единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, може да се набави за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најадат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.



Врати се горе ↑