4 јули, 2016

Мартија заврши втора, а Антонија седма во „Пинковите ѕвездички“

Синоќа се одржа големото суперфинале на емисијата „Пинкови ѕвездички“, во чии рамки се натпреваруваа десет суперфиналисти, меѓу кои и двете Македонки – Антонија Гиговска и Мартија Станојковиќ. Талентираната скопјанка ги отпеа безвременските „Billie Jean“ од Мајкл Џексон и „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон и заврши на седмото место, а двата настапи можете да ги погледнете овде и овде.

На кумановката Мартија победата за влакно ѝ ја украде малиот Марко Бошњак. Таа настапи со неколку песни и тоа: „Radioactive“ од „Имеџин дрегонс“ (видео), „Roma Bangkok“ од Бејби Кеј и Џуси Ферери (видео), „The Heart Wants What It Wants“ од Селена Гомез (видео), „I Don’t Want To Miss a Thing“ од „Аеросмит“ (видео) и „Writing’s On The Wall“ од Сем Смит (видео горе).

 

И покрај тоа што ниту една од Македонките не успеа да победи во оваа емисија, никој не се ни сомнева дека ги очекуваат блескави кариери. Антонија веќе дебитираше на македонската сцена со настапот на годинешниот „Макфест“, а се надеваме дека наскоро со свои песни ќе се појават и Мартија и Елена.



Врати се горе ↑