Видео

14 мај, 2019

Мартија и Стефонатор вљубени во новото видео за „Шо праеш“

Популарниот јутјубер Стефан Рашковиќ – Стефонатор сними дует со младата музичка ѕвезда Мартија Станојковиќ, а песната насловена „Шо праеш“ стигна во комплет со интересно видео. Станува збор за своевидна преработка на хитот „Сакам да те галам“(2008) од „Паркети“ и Елена Ристеска, така што како автор на музиката е потпишан Сашо Паркет, а новите стихови се дело на Иван Ајнштајн. Миксот и мастерингот, пак, ги направи Џи-Пи, додека сето тоа визуелно го заокружи Томислав Живковиќ.



Врати се горе ↑