Аудио ktm

31 март, 2015

„Марлон Брандо“ станува „Слободен уметник“

По  „Ех да можам“ и „На планина“, третата авторска песна на бендот „Марлон Брандо“ е „Слободен уметник”, која неодамна се појави во етерот и за која наскоро се очекува и видео запис. Музиката и текстот се на Кирил Трајковски, аранжманот на Ветон Вејсели, а женските вокали ги испеа Јана Гигова. Идејата за оваа песна е на Марко Соколовски и Кирил Трајковски, а темата која ја опфаќа е социјалниот статус на уметникот во општеството кој се бори за својот уметнички идентитет.

Како звучи „Слободен уметник“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑