29 јануари, 2015

„Марлон Брандо“ со нова песна и видео запис

„На планина“ е втората авторска песна што излезе во етер за која има и видео запис. За видеото се погрижи Натали Башоски, музиката и текстот се на Кирил Трајковски, аранжманот е на Ветон Весељи каде воедно е изработена оваа песна.

Тандемот Башоски-Трајковски, кој веќе се докажа со претходната соработка за песната „Ех да можам“, чиј видео запис беше снимен во Њујорк, овој пат одбра локација на македонско тло, на планината Галичица, а во спотот покрај членовите на бендот се појавува и поранешната мис Македонија, Елена Милошева, попозната како водителката од „Фаци“.

Пораката на темата е со јасна цел: Да се тргнеме од загадената околина и да дишеме чист возух!



Врати се горе ↑