13 мај, 2015

„Марлон Брандо“ го претстави видео записот за „Слободен уметник“

И третата авторска песна на составот „Марлон Брандо“ доби свое видео издание. Станува збор за темата „Слободен уметник“, која бендот ја објави во март годинава, чија музика и текст се дело на Кирил Трајковски, аранжманот на Ветон Вејсели, а женските вокали ги испеа Јана Гигова. Идејата за оваа песна е на Марко Соколовски и Кирил Трајковски, а темата која ја разработува е социјалниот статус на уметникот кој се бори за својот уметнички идентитет во општеството.

За видеото се погрижи Натали Башоски која се потруди да им ги претстави на јавноста уметниците од Њујорк. Ова е веќе трета соработка помеѓу Натали и „Марлон Брандо“ кои претходно заеднички ги реализираа спотовите за песните „Ех да можам и „На планина“.



Врати се горе ↑