11 јануари, 2016

„Марлон Брандо“ го претстави видео записот за „Патувам“

Составот „Марлон Брандо“ го претстави четвртиот видео запис, овој пат  за песната „Патувам“, чии музика и текст се на Марко Соколовски, аранжманот го направи  Димитар Маневски. а придружните вокали ги отпеа Елена Милошева. Комплетниот видео запис е дело на продукцијата „Дидако“.

„Темата на оваа балада е со силни емоции и јасна порака до сите нас, со надеж за подобро утре, за свет без воени конфликти. Сакаме нашата публика да е со позитивни мисли, да размислуваат за иднината, да живееме во свет каде ќе владее мирот“, вели фронтменот на „Марлон Брандо“, Кирил Трајковски.

Во видео записот, покрај Кирил, главната улога ја има и текстописецот Марко Соколовски, кој отпатува за Париз да го сними видеото, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. „Марлон Брандо“ зад себе ги има и екранизациите за песните „Ех да можам“„На планина“ и „Слободен уметник“, а минатата година зеде учество на повеќе фестивали во Македонија.



Врати се горе ↑