Македонија photo 2

22 декември, 2014

Марко Мицов како принц во „Оревокршачка“

Младиот, надежен и веќе афирмиран танчер од Македонија – Марко Мицов имаше своја премиерна изведба на 13 декември во балетот „Оревокршачка“ во главната ролја на Принцот.  Мицов повеќе години е дел од њујоршката балетска сцена каде постепено се искачуваше по скалилата на успехот. Во изминатите години од критиката (престижните „Њујорк тајмс“ и „Денс“ имаа осврти за неговата игра) забележан во повеќе солистички улоги, веќе ја доби и првата насловна со што го потврди својот квалитет и уметнички капацитет.

Во трупата на Гилси Киркленд, паранешна првенка во компанијата на легендарниот Џорџ Баланшин, Мицов е ангажиран веќе втора година. Тој во оваа мултинационална трупа го прикажа извонредниот талент, спектакуларната техника и македонскиот сензибилитет.  Постановката на „Оревокршачка“ која во западниоте земји е традиционален и неизоставен елемент во предбожиќниот период во трупата на Киркленд е спој на традиционалната редакција на Вајнонен и Петипа, дополнета со делови во кореографија на Чернов и Лоуер. Киртичарката Сато за играта на Мицов и неговата партнерка, Јапонката Морин, напиша „Чистината на играта на Морин и Мицов беше прикажани во браврозните пируети и многубројните скокови… Нивната техника и игра прикажа хемија помеѓу нив двајцата и нè натера да чувствуваме со нашите срца, а  не само со нашите очи“. Позитивните одгласи, реакции и огромното задоволство на менаџментот на компанијата отвора широк простор за афирмација на Мицов во следните проекти на компанијата.

Мицов докажа дека нашиот образовен систем, конкретно балетската едукација здобиена во единствениот професионален центар ДМБУЦ  „Илија Николовски -Луј“, не само што е конкурентна, тука и високо се котира надвор од нашите граници. Мицов не заборава на својот педагог, кој го водеше низ патот на балетската обука, професорката Соња Здравкова Џепароска, која и денес ја смета за еден од најзначајните фигури во својот уметнички развој.  Со успехот на Мицов, кој како единствен Македонец кој успеа да се избори со огромната и многунационална конкуренција, особено која ја има во центарот на културните збиднувања – Њујорк, не само што треба да се гордееме, туку треба да го земеме како пример за успешност за голем број на млади уметници кои одат по патот на уметноста.



Врати се горе ↑