Свет marco-mengoni-italia

18 февруари, 2013

Марко Менгони победник на Сан Ремо

25-годишниот Марко Менгони ја понесе титулата победник на овогодинешното издание на познатиот фестивал Сан Ремо. Тој беше избран од стручното жири и телевизиските гледачи, откако се претстави со песната „L’essenziale“. Првиот канал на државната италијанска телевизија го емитуваше во живо овој настан од легендарниот театар Аристон, а се проценува дека целиот настан го проследиле меѓу 10 и 14 милиони гледачи. Сан Ремо е најпопуларниот фестивал од овој вид во Италија кој се одржува од 1951 година.

Менгони во 2010 година беше прогласен за „Најдобар европски уметник“ на европските награди на MTV и ја доби главната награда „Златна палма“. Покрај победата на овој фестивал, Марко е одбран да ја претставува Италија на претстојниот избор за песна на Евровизија во Шведска, а песната со која ќе ги брани боите на неговата земја ќе биде претставена наскоро. Во продолжение погледнете го видео записот за победничката композиција „L’essenziale“.

 



Врати се горе ↑