Видео Marko Logout4

4 јуни, 2013

Марко Логаут промовираше песна и спот

Во  пријатна ноќна атмосфера, под отворено небо во летниот клуб Хавана, момчето кое ја плени јавноста со совршената акустична изведба на „За нас“ од Брејк, талентираниот Марко Логаут, пред колегите и претставници од медиумите го промовираше својот прв сингл „Без тебе не можам“. Нино Васков, авторот  на музиката и аранжманот, максимално го искористил специфичниот вокал на Марко со цел да се доловат емоциите од текстот кој го напиша  Кирил Трајковски – Максим, а со самото тоа баладата има добиено единствен и моќен звук.

„Поддршката која ја имам од пријателите, колегите и семејството, а пред сè од публиката која ме следи на моите настапи, ми беше поттик да отпеам нешто свое, од своја душа.  „Без тебе не можам“ е една емотивна балада која се надевам дека ќе допре до многу изгубени срца. Песната е многу певлива и едвај чекам да ја споделам со вас и сите да уживаме во неа“  – изјави Марко на промоцијата.

Заедно со песната, во Хавана беше промовиран и видео записот за истата кој што го работеше режисерот на филмот „Максим“Кирил Трајковски.  Главни протагонисти во приказната, која раскажува за две изгубени души кои веќе не се заедно и се бараат низ времето и просторот, се самиот Марко и Елена Анѓеловска која специјално за спотот облече несекојдневна креација на Елена Лука од колекцијата Далга.

Во продолжение погледнете го првенчето на Марко.

 



Врати се горе ↑