Балкан 431345_4329288106535_1519063036_n

4 ноември, 2012

Марко Ѓуровски го објави новиот албум

По четиригофдишна пауза, српскиот пејач Марко Ѓуровски кој неодамна го издаде и синглот „Нисам глуп“(Не сум глупав) во соработка со ДНК, го објави и неговиот нов албум „Друго поглавје“ (Второ поглавје), а промоцијата ја организираше заедно со отворањето на неговиот ресторан. Иако своевремено Ѓуровски се двоумеше дали да тргне по стапките на семејството и да се занимава со фудбал, сепак се одлучи тоа да биде музиката.

Заедно со албумот, Марко го промовираше и видео записот за „Сада знам како ћу без тебе“ (Сега знам како ќе продолжам без тебе), за којшто изјави дека е многу горд и дека е многу поразличен од она што публиката можела да го види на овие простори, а се надеваме дека наскоро ќе можеме да го погледнеме и ние. Во однос на албумот, пејачот изјави дека музиката е во малку поинаков правец, односно застапена е електроника, тематиката не песните останува љубовна, но со малку поинаков пристап. Покрај дуетот со ДНК, на албумот ќе се најдат и соработките со Маја Стојановиќ, младата Марија Лазиќ и Баки Б3.

Во продолжение слушнете ја уште еднаш неодамна објавената нумера „Нисам глуп“ заедно со ДНК.

 извор: www.novosti.rs



Врати се горе ↑