Видео

11 јули, 2019

Марк Ронсон и Камила Кабејо го објавија видеото за „Find U Again“

На 21 јуни Марк Ронсон го објави долгоочекуваниот, петти по ред студиски албум „Late Night Feelings“, исполнет со одлични соработки со имиња како што се Мајли Сајрус, Лики Ли, Кинг Принцес, Јеба, Алиша Киз и други, а меѓу најавните синглови беше и соработката со кубанско-американската ѕвезда Камила Кабејо. Оваа песна насловена „Find U Again“ сега си доби и интересна црно-бела визуализација што наликува на мини-филм.

Објавена како сингл на 30 мај, „Find U Again“ досега не успеа да се пробие меѓу најпродаваните десет на топ-листите, односно во САД стигна до 25. место на Билбордовата листа, а во Велика Британија само до 31. место. Новото видео би требало барем малку да го зголеми успехот за Ронсон и да му се приближи на минатогодишната соработка со Мајли Сајрус за Nothing Breaks Like A Heart. Што се однесува на Кабејо, таа во моментов е присутна меѓу најдобрите десет со одличниот дует со Шон Мендез – „Señorita“ – кој се искачи до 2. место и во САД и во Велика Британија.



Врати се горе ↑