Настани marjan

26 декември, 2012

Марјан Ѓорѓиевски и Eye Cue во Џубокс

Хумор и музика се одличен рецепт за загревање пред претстојните празници. Вечерва во кабаре Џубокс за вашето расположение ќе се погрижи битолчанецот Марјан Ѓорѓиевски, кој ќе ве однесе на патување низ деветте круга на пеколниот хумор со кое ќе добиеме одговор на прашањето дали кај нас дојде крајот на светот. Најпровокативниот македонски stand up комичар излегува на мегдан, подготвен да им удри шамар на евтините идеологии и скапите безобразлуци. Марјан, кој нагласува дека за него клучен елемент во stand up комедијата е острата социјална критика, настапува со нов материјал кој нема да ве остави рамнодушни. Резервирајте си билет на  077 593 867, 075 522 799 и зачинете си ги празниците со квалитетна доза жесток хумор.

По неговиот настап, забавата продолжува со одличните Eye Cue, а билетите се по цена од 150 денари.

 



Врати се горе ↑