Аудио

22 октомври, 2018

Марио Еди со ремикс на хитот „Не сум твој тип“

Дебитантскиот хит-сингл на триото „Дупер“ продолжува да ја освојува публиката, но и да ги инспирира колегите од музичкиот свет да му дадат и свој печат на овој заразен рефрен. Имено, „Не сум твој“ тип неодамна доби ремикс и поддршка од маестралниот Роберт Билбилов, а сега сето тоа го добива и од младиот прилепски диџеј и продуцент Марио Еди.

Само за потсетување, Марио Еди од 2012 година до денес активно издава негови авторски песни и преработки. Меѓу најподдржаните негови песни се издвојуваат: соработката со Micky La Freak – Bumbea“ за добро познатата издавачка куќа „Hot Fingers Records“, Morning Light“ во соработка со Марко Логаут, песната со Тајзи и Ивајо насловена „After, ремиксот на „Иста патека од „Ај кју“, песната Yours“ заедно со Наташа, најновата со Монарк Супремо – „Money On My Mind“ и многу други.

Што се однесува на „Дупер“, младите музичари во меѓувреме нè почестија и со вториот сингл и потенцијален хит „Тело за на ТВ“, а како звучи хаус-ремиксот на Марио Еди за одличната „Не сум твој тип“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑