Видео

2 јануари, 2018

Марио Еди и „лед-роботот“ Роби Реј ги честитаат празниците со „Jingle Bells“

Популарниот прилепски диџеј Марио Еди и неговиот колега, „лед-роботот“ Роби Реј, ви ги честитаат празниците со симпатична преработка на една од најпознатите божиќни песни, „Jingle Bells“. Еди веќе добро го знаеме, а новото видео е одлична можност да се запознаеме и со Роби Реј.

Имено, Роби Реј (Robbie Ray) е единствениот диџеј со уникатен сценски настап како лед-робот. Неговиот настап се состои од уникатно лед-одело, co два „пиштола“ и ласерски нараквици. Зад себе има богато искуство надвор од Македонија како резидент диџеј на бродови за крстарење, што придонесе за овој одличен проект кој е доста познат низ големите клубови во Америка и Европа.

Има соработувано со една од најдобрите агенци во Мајами – „Мајами диџејс“ (Miami Djs). Настапува низ сите клубови низ целата Македонија и на голем број фестивали, настапуваше и на најголемиот македонски фестивал „Струмица оупен“ заедно со „Дисконектед“, а во Скопје настапуваше како предгрупа на познатиот диџеј Џејмс Забиела.

Празничната честитка на Марио Еди и Роби Реј ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑