Видео

18 октомври, 2017

Марио Арангеловски не продолжува во финалето на бугарскиот „Х фактор“

Иако имаше уште еден одличен настап во третата фаза од бугарскиот „Х фактор“, за Марио Арангеловски, за жал, натпреварот е завршен. Имено, после одличната прва аудиција и, заради оправдани причини, не толку успешниот втор настап во предизвикот на шесте столчиња, талентираниот кумановец доби уште една шанса да го убеди својот ментор Криско дека заслужува место меѓу финалистите за оваа петта сезона од популарната музичка емисија.

Тој овој пат се претстави со познатата балада од Мајкл Џексон, „You Are Not Alone“, но и покрај тоа што ова беше можеби неговата најдобра изведба досега, хип-хоп ѕвездата Криско, кому при одлучувањето му помагаше колешката Јорданка Христова, реши да го испрати дома.

„Независно од резултатите, со нетрпение ја очекувам вашата поддршка и љубов во понатамошното градење на мојата музичка кариера“, напиша Марио на социјалните мрежи, споделувајќи го својот последен настап на „Х фактор“, а му се заблагодари за дадената шанса и довербата на својот ментор, што го смета за голем успех. Голем успех му посакуваме и ние, а веруваме дека најдоброто од него допрва доаѓа. Неговата одлична изведба на хитот од Мајкл Џексон ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑