11 октомври, 2017

Марио Арангеловски меѓу најдобрите 24 во бугарскиот „Х фактор“

После одличната аудиција со хитот „Here Without You“, Марио Арангеловски продолжи во следната фаза во бугарскиот „Х фактор“, каде што требаше да го совлада предизвикот на шесте столчиња. Шармантниот кумановец овој пат се претстави со темата Mercy од Шон Мендес, а жирито сметаше дека не го дал најдоброто од себе, но менторот Криско сепак одлучи да му даде уште една шанса.

„Продукцијата одлучи да ме емитува само една минута, каде што акцентот е ставен на ’лошите коментари’ упатени кон мене, кои чинам дека ги заслужив, оти навистина не дадов сè од себе. Што всушност не беше моја вина. Здравствената состојба во тој момент ме спречи во тоа да оставам впечаток како на првиот кастинг. Но, за среќа, или жал, Криско, како мој ментор одлучи да ме земе во својата екипа и ми овозможи да се пласирам во топ 24 најдобри кандидати. Без разлика на сè, вашата поддршка многу ќе ми значи, а јас ветувам дека во следната етапа нема да ве разочарам, барем кога пеењето е во прашањe“, напиша Марио споделувајќи го видеото од овој настап, кое можете да го погледнете горе.

Се надеваме дека следниот пат Марио ќе се покаже во полн сјај и ќе му докаже на Криско дека донел правилна одлука, а ние ќе продолжиме да го бодриме и понатаму! Среќно!



Врати се горе ↑