Аудио mario-arangelovski

5 ноември, 2013

Марио Арангеловски го освои третото место на „Еврофест 2013“

Пред неколку дена во Скопје се одржа 17-то издание на интернационалниот фестивал за забавни мелодии „Еврофест 2013“. На истот беа презентирани повеќе од 20 композиции од разни автори и изведувачи ширум светот меѓу кои се најде и младиот и талентиран кумановец Марио Арангеловски кој заврши на третото место од страна на стручното жири. Тој се претстави со темата насловена „По тебе луд“, чии автори се Дарко Шерденков (музика) и Цане Трајчевски (текст), а песната наскоро ќе добие и свој видео запис.

Марио Арангеловски беше дел од музичката емисија „Сите наши песни“, која се емитува на МРТ, како и од регионалниот X Factor, кој од минатиот вторник започна да се емитува на Сител телевизија.



Врати се горе ↑