Балкан 600_7_af

29 октомври, 2012

Марина Туцаковиќ со задоволство соработува со Цеца

Марина Туцаковиќ која ги напиша најголемите балкански хитови, никогаш не мирува. И кога вели дека ништо не работи, таа твори нови хитови. Во моментов пишува песни за Наташа Беквалац, Дара Бубамара, Никола Роквиќ, Жељко Митровиќ, Жељко Јоксимовиќ, а ја очекува и работа на новиот студиски албум на Цеца Ражњатовиќ.

Туцаковиќ изјави дека сè уште не почнала да работи на песните за Цеца бидејќи не ги имала добиено композициите и дека откако ќе ги преслуша, ќе се посвети на пишувањето. Исто така таа додаде дека Цеца е непресушна инспирација и и’ претставува задоволство да пишува за неа, односно секој пејач со кој соработува е инспиративен на свој начин.

Какви текстови ќе напише Марина за Цеца ќе слушнеме дури во јуни следната година, кога е закажан и концерт во Белград.



Врати се горе ↑