24 април, 2013

Марина Перазиќ се врати на музичката сцена

Постарите генерации добро се сеќаваат на популарната пејачка Марина Перазиќ, особено нејзиниот голем хит „Колачиња“ од 1987 година. По пауза од десет години, Марина неодамна влезе во студио и ја сними песната „Тишина“, заедно со младиот музичар Блугреј (Bluegray). Ова е своевидно враќање на музичката сцена за Марина, за новиот сингл таа изјавила:

„Огромно ми е задоволството што со своето дискретно гостување во песната „Тишина“ го поддржувам талентот на овој млад, но уметнички зрел музичар. Кога ќе препознаам талент, секогаш се поклонувам. Димитрије е мој добар пријател, а јас имам огримна желба неговата софистицирана уметност, која толку недостасува на овие простори, што побрзо да дојде до израз.“ – изјавила Марина.

Оваа електро поп песна е поинаква од сè што до сега имавме можност да слушнеме од неа, а интересно е тоа што видео записот е снимен на Кипар и во Нови Сад.



Врати се горе ↑