Видео

6 ноември, 2018

Марина и Луис Фонси во новиот сингл на „Клин бандит“

Иако сè уште е актуелен хитот „Solo“ (со Деми Ловато), британската група „Клин бандит“ одлучи дека време е за нов сингл, а за успехот да биде загарантиран, музичарите добија засилување од велшката колешка Марина (од „Марина енд д дајмондс“) и од една од најголемите латино-сензации изминатиов период – порториканската ѕвезда Луис Фонси.

Станува збор за темата насловена „Baby“, која воедно е и седмиот сингл од долгоочекуваното, второ по ред студиско издание „What Is Love?“, закажано за крајот на месецов (30 ноември). Песната стигна во комплет со свадбено видео, во кое се појавува и австралиската пејачка Старли, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

Само за потсетување, на претстојниот албум ќе се најдат и хитовите „Rockabye (со Шон Пол и Ен-Мари), „Tears“ (со Луиза Џонсон), „Symphony“ (со Зара Ларсон), „I Miss You“ (со Џулија Мајклс) и „Solo“ (со Деми Ловато), како и соработки со Ели Гоулдинг, Рита Ора, Чарли Екс-си-екс и други.



Врати се горе ↑