Македонија 11391211_10205802413410878_689574284024774127_n-650x366

12 февруари, 2016

Маријан Стојаноски подготвува нешто ново и поинакво

Маријан Стојаноски, кој веќе подолг временски период апстинира на музички план, најави враќање на сцената со нешто ново и поинакво. Пејачот, кој пред десетина година ги испеа хитовите „Ненаситен“, „Подарок“, „Овој ритам е јак“, „Срце ќе ти украдам“, „Андреа и други, деновиве работи на снимањето на неговиот нов видео запис за песната „Кога сум крај тебе“.

„Песната ’Кога сум крај тебе’ е балада, се опишува чувството кога сум крај нејзе како силен оган што трепери“, изјави тој за Вистина.

Маријан, кој секој слободен миг го користи за релаксација во родното Крушево, во изминативе години имавме можност да го видиме само како дел од фестивалската сцена, со настапите на „Скопски фестивал 2014“ и минатогодишното издание на „Макфест 2015“. Додека го очекуваме најновото од него, уживајте со хитот „Ненаситен“.

 

Извор и фотографии: Вистина.мк



Врати се горе ↑