8 октомври, 2013

Маријан Мониќ: „Нереално е да ме споредуваат со Тоше Проески“

24-годишниот пејач Маријан Мониќ од Карловац сними видео запис за песната „Ако ти ме заволиш“ и воодушеви многумина со својата харизма и вокални способности. Видео записот за оваа песна кој го објави на ЈуТјуб, за само неколку дена „заработи“ преку 60 000 прегледи. „Ако ти ме заволиш“ ја потпишува Горан Тополовац, кој е автор на песната „Мижерија“ со која Хрватска се претстави на овогодинешното издание на Евровизија.

По објавувањето на видео записот, веднаш започнаа споредбите со покојниот пејач Тоше Проески: „Мислам дека тоа воопшто не е потребно, тоа воопшто не е реално и воопшто не постои. Тој е легенда, икона и светост.“ – изјавил Маријан за ИНМагазин на хрватската телевизија Нова. Целосното интервју можете да го видите во продолжение, а видео записот за новата песна можете да го видите горе.



Врати се горе ↑