Видео

12 јуни, 2019

Марија Спасовска со трето место на меѓународен фестивал во Бугарија

Во Варна, соседна Бугарија, деновиве се одржуваше меѓународниот фестивал за филмска музика „Арлекин“, а претставничка на нашата земја беше младата Марија Спасовска, која се претстави со хитот „My Heart Will Go On“ на Селин Дион од филмот „Титаник“. 13-годишната пејачка беше специјално одбрана и поканета по преслушувањето на нејзините досегашни објави од нејзините настапи на Јутјуб.

Како и на бројните нејзини учества на меѓународни фестивали, публиката и жирито не останаа имуни на нејзиниот талент и ја наградија со трето место.

„Пресреќна сум. Со мојот настап се претставив себеси и Македонија најдобро што можам. Мојата биографија ја збогатив со уште една Диплома (3. место). Со мојот настап успеав да го привлечам вниманието на интернационалното жири и да добијам огромен аплауз од публиката на Летниот театар во Варна. Меѓу Бугарија, Израел, Германија, Италија, Грузија, Бразил… Македонија се спомна со освојувањето на една од трите награди“, напиша нашата минатогодишна евровизиска претставничка на детскиот Евросонг, споделувајќи ја радосната вест.

Марија доби позитивни коментари уште за време на генералната проба, а особено ја радува фактот што дојдоа дирекно од продукцијата на БНТ и од Директорот на националното Радио во Италија кој е претседател на интернационалната жири комисија за филмска музика.

Како што споменавме, оваа награда е најновата во низата успеси и признанија кои младата пејачка ги има освоено изминативе години на фестивали ширум цела Европа, а сигурни сме дека нивниот број допрва барем двојно ќе се зголеми. Честитки за наградата, а како изгледаше нејзиниот настап на фестивалот „Арлекин“ во Варна, дознајте во продолжение. Уживајте!

Еве една мобилна верзија од вчерашниот настап, а официјалното видео ќе го споделам преку BNT каналот 😍

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Mittwoch, 12. Juni 2019



Врати се горе ↑