Видео

25 февруари, 2019

Марија Спасовска со српска верзија на деби-синглот „Играј со срце“

Нашата минатогодишна претставничка на детскиот Евросонг, Марија Спасовска објави српска верзија на својот прв тинејџерски сингл „Играј со срце“, кој го промовираше во мај минатата година. Оваа песна Марија ја снимаше уште пред аудицијата за детската Евровизија, но заради обврските околу фестивалот, песната мораше да почека.

Автори на „Покрени срца жар“ се композиторот Немања Михајловиќ и текстописецот Тоде Николетиќ, а сето тоа е дополнето и со анимирано текстуално видео, дело на Александар Пауновски. Како звучи и изгледа најновото од нашата музичка ѕвездичка дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑