Видео

8 април, 2019

Марија Спасовска со одличен настап на „Андерфест“

Изминатиов викенд во „Јавна соба“ во Скопје се одржа првото издание на фестивалот „Андерфест“, чија примарна цел е афирмирање на младите музички надежи од земјава, а во рамките на тридневниот настан настапија преку 40 музичари со музика од најразлични жанрови. Меѓу нив беше и нашата минатогодишна евровизиска претставничка на детскиот Евросонг, талентираната Марија Спасовска, која полека си го наоѓа своето место на нашата музичка сцена, а дел од нејзиниот настап на првиот „Андерфест“ можете да погледнете во продолжение.

Halo 😻@beyonce #beyonce #halo #sing #singer #song #singing #cover #marijaspasovska #junioreurovision2018

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Samstag, 6. April 2019

 

Само за потсетување, Марија лани ја претставуваше нашата земја на детскиот Евросонг во белоруската престолнина Минск, а со одличната балада „Дома“ го освои 12. место. Зад себе има и бројни настапи и освоени награди на повеќе домашни и меѓународни фестивали, како што се „Тра-ла-ла“, белорускиот „Славјански базар“, „Откритија на Европа“ и многу други, а како тинејџерка дебитираше на музичката сцена со синглот „Играј со срце“, кој си доби и верзија на српски јазик насловена „Покрени срца жар“.

Како и секоја тинејџерка, Марија е, пред сè, посветена на образованието, но се надеваме дека ќе најде време наскоро да нè почести барем со уште една нова песна.



Врати се горе ↑