Видео

5 ноември, 2018

Марија Спасовска премиерно ја отпеа во живо евровизиската „Дома“

Откако собра дури пет награди на годинашното издание на фестивалот „Тра-ла-ла“ во Битола, нашата актуелна евровизиска претставничка Марија Спасовска викендов се врати во градот на конзулите како специјална гостинка на гала-концертот на овој популарен меѓународен фестивал. Токму битолската публика имаше можност премиерно да ја слушне во живо емотивната балада „Дома“, со која Марија на 25 ноември ќе нè претставува на детскиот Евросонг во Минск, а одличната изведба секако дека беше наградена со громогласен аплауз.

Благодарам Битола ❤❤❤Вчера бевте најпрекрасна публика, а со Вашиот громогласен аплауз ми ја дадовте најголемата…

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Samstag, 3. November 2018

 

Ова авторско дело на композиторот и продуцент Дарко Димитров, а со стихови на Елена Ристеска, веднаш наиде на одлични критики од евровизиските обожаватели, кои веќе предвидуваат голем успех за 13-годишната ѕвезда. Од настапот во Битола можеме да видиме и како оваа приказна ќе биде поставена на сцена, за што Марија се подготвува со режисерката Љупка Јакимовска, а како звучеше и изгледаше сето тоа дознајте во продолжение.

 

Главниот настан, односно 16. издание на детскиот Евросонг е закажан за 25 ноември во белоруската престолнина Минск. За разлика од стандардната верзија на фестивалот, овде секоја земја може да гласа за својот претставник, така што и ние ќе можеме да ја поддржиме Марија! Онлајн-гласањето ќе биде објавено за време на генералната проба на 24 ноември.

На фестивалот годинава ќе се натпреваруваат рекорден број од 20 земји, а преносот во живо ќе се емитува на 25 ноември (недела) на првиот канал на МРТ со почеток од 17.00 часот. За крај погледнете го и прилогот за Марија на белоруската национална телевизија, кој почнува на 7. минута.



Врати се горе ↑