Видео

29 мај, 2019

Марија Спасовска како Селин Дион – „My Heart Will Go On“!

Марија Спасовска не престанува да воодушевува со својот талент и нема песна што не може да ја отпее со својот моќен вокал. Доказ за тоа е и нејзината најнова преработка на хитот „My Heart Will Go On“, кој канадската дива Селин Дион го отпеа за филмот „Титаник“ (1997) и кој беше награден и со престижниот Оскар за најдобра оригинална песна.

13-годишната пејачка, која лани нè претставуваше на детската Евровизија со емотивната балада „Дома“, новата песна ја сними во студиото на Иле Спасев, а сето тоа визуелно го заокружи Александар Пауновски.

Среќна сум за освоеното Прво место и освоените 99 поени на Државниот натпревар за Најдобар глас!Денес со мојот настап му донесов на моето училиште ООУ "Александар Македонски" уште една државна награда❤

Gepostet von Marija Spasovska / Марија Спасовска am Freitag, 10. Mai 2019

 

Покрај преработките на хитови од други изведувачи, Марија има снимено и неколку авторски песни, како што е и првата тинејџерска тема „Играј со срце“ и српската верзија „Покрени срца жар“, а тука се и бројните учества и награди на домашни и меѓународни фестивали. Најнов во низата успеси е и освоеното прво место на неодамна одржаниот државен натпревар за најдобар глас, a следната седмица заминува за Варна, Р. Бугарија, каде повторно ќе ги брани боите на македонското знаме.

Имено, токму со песната од Селин Дион, Марија ќе настапи на фестивалот за филмска музика „Арлекин“, за кој беше специјално одбрана и поканета по преслушувањето на нејзините досегашни објави од нејзините настапи на Јутјуб. „Арлекин“ е филмски и мултимедијален интернационален фестивал кој ќе се одржи во Варна од 8 до 12 јуни , а директен пренос ќе има на БНТ и БТА. На фестивалот учествуваат иновативни и креативни младинци до 20 години кои се интересираат за мултимедија.

Нашата Марија со само 13 години ќе застане на отворената сцена во центарот на градот на уметноста Варна и ќе ги покаже своите способности. Дотогаш, до нови информации од настапот, слушнете ја изведбата на „My Heart Will Go On“!



Врати се горе ↑